Швајцарците направиле вистински пиштол, долг само 5,5 сантиметри. Најмалиот пиштол на светот МиниГан, е со големина на приврзок за клучеви, испалува куршуми со калибар 2,34 милиметри на далечина од околу 112 метри, а од близина може и да убие.
Неговата цена е околу четири илјади евра, меѓутоа, нарачаните верзии направени во 18-каратно злато и украсени со дијаманти можат да достигнат и 10 пати поголема цена. Интересно е дека МиниГан нема да може да се увезе во САД, бидејќи, поради своите димензии не може да се смета како спортско оружје. Пиштолот е тежок само 19,8 грамови, а куршумите за него посебно се изработуваат. Досега се продадени 300 примероци, главно на Блискиот и Далечниот Исток. Годишно се произведуваат само 25 златни и 100 челични верзии. Во септември 2006-та пиштолчето предизвика вистинска паника во САД, кога се појави неговата слика на интернет. Полицијата предупреди дека оружјето е толку мало, што лесно би можело да се замени за приврзок. Но, сопственикот на компанијата МиниГан, Пол Ерард, тврди дека пиштолот не е толку опасен како што истакнуваат полицајците, додавајќи дека е послаб од некои воздушни пиштоли. „Во САД по 11 септември владее вистинска параноја. Зошто некој криминалец би сакал да го купи ова пиштолче, кога може да купи калашников“, прашува Ерард.
|