Средбата на македонскиот државен врв, на која требаше да биде изграден конечниот став за последниот предлог на Нимиц, заврши без да биде соопштено каков бил исходот. Се надеваме дека утре ќе биде издадено официјално соопштение за заклучоците на средбата.
Во текот на утрешниот ден треба да биде одржана и средба на лидерите на најголемите политички партии, на која ќе биде донесена одлука дали ќе се свика собраниска седница за да се расправа за предлогот. Доколку се донесе одлука за седница, таа најверојатно ќе се одржи во вторник. На денешната средба присуствуваа претседателот Црвенковски, премиерот Груевски, министерот за надворешни работи Милошоски и преговарачот Димитров.
|