Реформите во здравството ги потиснуваат педијатрите. Со промените тие ќе бидат заменети со семејните лекари, а за неколку години во Македонија ќе ги нема. Младите доктори се повеќе ја заобиколуваат оваа специјализација. Во последните 10 години нивниот број е драстично намален. Просечната старост на овие лекари кај нас е 52 години. „Оној момент кога државата ќе види негативни трендови и оној момент кога ќе ни падне степенот на вакцинација, кога ќе се вратат болестите кои веќе се превентивни. Ако се врати маларијата, тогаш ќе биде можеби доцна“, изјави Љупчо Николовски, претседател на Здружение на педијатри. Според европските правила еден доктор треба во просек да има 500 деца. Во некои делови во земјава еден педијатар се грижи за 2.000 деца.
„Бирото на светската здравствена организација во Европа не награди како една од најуспешните земји во превентивната педијатриска заштита“, додаде Николовски.
Педијатрите бараат да има два вида на специјализација, амбулантска и болничка Педијатрија. Министерството за здравство да ги стимулираат со тоа што ќе учествува со 50% во специјализациите, кои докторите ги плаќаат приватно, а за оваа дејност се најскапи. За една година чинат од пет до седум илјади евра.
AFP - Dozens of people were injured in an explosion late Thursday at a gala concert in Minsk attended by Belarussian President Alexander Lukashenko,...