Од 01.11.2007 во 20 часот, на телевизијата Сител, ќе почне новата емисија "Пулс", чиј автор и водител е Ана Јовковска.
Ова е дебатна емисија, која ќе го следи пулсот на времето во кое живееме. Мислам дека во телевизиските емисии недостига критика, содржина и провокација. Со гости во студиото и преку снимени интервјуа, анкети и прилози, во секоја емисија ќе се обработува различна тема. Темата на првото издание е влијанието на медиумите и новинарството во Македонија - сензација или факти - вели Ана.
|