Томас Бити, трансексуалец од Орегон набргу ќе го роди своето прво дете. Иако звучи неверојатно, ова е лесно објасниво - имено Бити се родил како жена. Бидејќи се чувствувал како маж тој одлучил да го смени полот - почнал да пие хормони тестостерон, ги отстранил градите, но одлучил да ги задржи јајчниците и матката. Благодарение на хормоните развил повеќе машки полови карактеристики.
Инекциите на тестостерон му донеле поголема телесна маса, влакнетост и подлабок глас. Но, и покрај се, телото на Томас ја задржало способноста да износи бременост. Одлуката за делумна операција се покажала корисна кога на неговата сопруга, која многу сакала дете, поради болест и била отстранета матката. Томас едноставно ја понудил својата и е оплоден со сперма на анонимен донатор. „Американските закони не бараат анатомскиот пол да се смени во целост. Јас сум трансроден, легално маж и легално сум оженет. За разлика од истополните двојки ние ги уживаме сите права на хетеросексуалниот брак. Нема легална пречка да и родам дете“, обајснува Томас. Тој инсистира дека желбата за дете не е ниту машка ниту женка, туку едноставно човечка. Бременоста засега е уредна, а бебето се очекува на почетокот јули.
|