Бени - "Нон- стоп", деновиве во етерот ќе ја пушти новата песна "Сјај". Оваа песна, ќе претставуваат најава за новиот албум на Бени, кој се подготвува во студиото "Аудио Лаб" на Тоше Поп Симонов.
"Со сета почит и чест кон сите, но во Македонија во моментов сакам да работам со, според мене, најдобриот продуцент, а тоа е Тоше Поп Симонов. Кога ќе излезе албумот се уште не се знае, желбите се едно, а можностите се друго. Во моментов меѓу мене и Тоше има и другарски и професионален однос а тоа е најважно. Нам и не ни е важен датумот колку што е важно албумот да е добар. А во тоа не се сомневам. Верувам во Тоше и го почитувам неговиот квалитет, вели Бени, кој за новата песна најавува и спот.
|