Познатиот спортски бренд Converse, произведе посебна линија на добро познатите "старки" - посветена на Kurt Cobain. Фронтменот на групата Nirvanа кога во 1994 година го извршил самоубиството, ги носел токму овие патики. На новата линија "старки", се испишани стихови од личните необјавени бележници на Cobain.
Остарени онака како и што ги носеше Cobain, "старките" ги прикажуваат неговите сништа, надежи и стиховите од песната "Come As You Are", стои во официјалното соопштение од Converse Со цел да се избегнат било какви правни недоразбирања со неговата жена Courtney Love, од неа било побарано одобрение за моделите на оваа колекција, за кои таа се сложила да бидат користени за оваа намена. 
|