Поттикнати од македонскиот непокор и стопроцентната решителност да не се попушти пред притисоците на Грција и нејзините сојузници за промена на македонското име и идентитет, невладината организација МЦИ (Македонска цивилизација и иднина) низ градовите на Македонија ќе организира серија од средби на граѓаните со интелектуалци (професори, академици, новинари, колумнисти, режисери, студенти...) кои заедно имаат една идеја - дека името, државата и идентитетот на Македонија се вечни.
Акцијата започнува во Струмица на 27.03.2008 во малата сала на Домот на културата, Битола на 29.03.2008 и Прилеп на 01.04.2008 година. Сите средби започнуваат во 20:00 часот, а за местото за одржување во останатите градови, организацијата најави тековно информирање на граѓаните преку медиумите.
Дојдете и кажете кои сте!
|