|
Крај на правилото од 5 секунди |
|
Не морате да ја фрлате храната која паднала на земја.Неколку биолози одлучиле да ја тестираат хипотезата дека храната која ќе падне на подот и ќе биде земена после 5 секунди, останува сигурна за јадење.
Биолозите го направиле овој експеримент на подрачјето на факултетската кантина во која фрлиле на земја парчиња од јаболки и чоколадни бонбони. Со будно око на факултетските професори ја проучувале микробилошката сигурност на фрлената храна која на подот останала 5 секунди, 10 секунди, па 30 и 60 секунди и најпосле 5 минути. Резултат? На храната која на подот останала пола минута не се најдени бактерии!Без оглед на овие резултати, се претпоставува дека луѓето сепак нема да ја изедат храната која паднала на земја.
|