Дома Живот За синусите нема лек
|
|
За синусите нема лек |
|
Британските лекари започнаа кампања со која ги повикуваат докторите да го намалат бројот на рецептите за антибиотици во случаите на инфекција на синусите, бидејќи се покажало дека тие не делуваат. Антибиотиците, инаку, се препишуваат во 90 проценти од случаите на синуситис.
Анализата на девет независни истражувања покажала дека антибиотиците воопшто не делуваат на инфекцијата дури и ако болеста трае повеќе од 10 дена. Синуситисот е зачестена болест, која најмногу се јавува по настинка и грип, а секоја година се дијагностицира кај еден до пет проценти од возрасните. Инфекцијата на синуси предизвикува зголемена температура, болки и отоци на лицето и челото, како и затнат нос. Врежано е мислењето дека должината на болеста може да индицира бактериолошка, а не вирусна инфекција, поради што се препишуваат антибиотици доколку болеста трае повеќе од 10 дена. Но, најновите истражувања покажаа дека траењето на болеста не е добар индикатор за одредување дали антибиотиците ќе делуваат или не. Британските лекари заклучиле дека поради нуспојавите, цените и развивање на отпорност, антибиотиците не се оправдани дури и ако пациентот е болен повеќе од 10 дена. Резултатите на истражувањето покажале дека на еден оправдан случај, доаѓаат дури 15 луѓе кои поради синуситисот пијат антибиотици без потреба.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 28°C 1011mb |  10 km/h |
| | Skopje: |  | 26°C 1010mb |  27 km/h |
| | Bitola: |  | 33°C 934mb |  29 km/h |
| | Prilep: |  | 33°C 934mb |  29 km/h |
| | Stip: |  | 26°C 1010mb |  27 km/h |
| | Gevgelia: |  | 32°C 1007mb |  19 km/h |
|
|