И Ферги на листата на славни трудници? Новите фотографии на пејачката од бендот Black Eyed Peace, Стејси Фергусон попозната како Ферги, известува дека наскоро ќе се придружи кон холивудските идни мајки. Ферги е сликана со својот дечко пред еден ресторан, и на фотогрфијата јасно се гледа дека е заоблена во лицето, а под широката маица се ѕирка и нејзиното стомаче.
Ферги ( 32 ) од неодамна се вери со актерот Џош Духамел, со кој што е веќе четири години во врска. Американските таблоиди пренесуваат дека овој пар наскоро ќе добие принова.
Иако пред месец дена сними реклама на компанијата за долна облека ”Peach John Underwear”, Ферги сега нема изглед на манекенка за секси долна облека.
Пејачката интезивно се посвети на соло кариерата, но таблоидите пишуваат дека се е тоа ” фрлање” пари пред да биде приморана да оди на трудничко боледување. Нејзиниот PR сеуште не ги потврдил гласините дека Ферги очекува бебе.
|