Дома Технологии Новитети Под Титан се наоѓа океан
|
|
Под Титан се наоѓа океан |
|
Титан, месечина на Сатурн, можеби има океан под својата површина, според новите податоци кои ги собра европско - американска сонда Cassini Huygens, се истакнува во студиите објавени во списанието Science. Проучувањето на податоците кои со години ги собираше радарот на сондата Cassini, научниците дојдоа до заклучок дека површината на Титан се поместува во однос на цврста референтна точка. Тој феномен наведува на помисла дека брзината на ротацијата на Титан повремено се забрзала.
Како што наведува астрономот Ralph Lorenz од Институтот John Hopkins во Мерилиенд, главниот автор на студиите објавени во Американското списание Science од 21 март, пресметаните симулации упатуваат на тоа дека ветровите во густата атмосфера на Титан можеби ја потресуваат месечината на Сатурн напред и назад околу неговата оска. Со други зборови поместувањето на атмосферата ја забрзува ротацијата на малата месечина, а со тоа ја кочи под конец годината каде што се менува точката на ротационата точка.
Тие поместувања се прилично големи и упатуваат на постоење на океан помеѓу кората на Титан и јадрото, без кои што тие поместувања на кората не би можеле да се замислат, изјавуваат авторите на студиите. Сондата Cassini Huygens која е лансирана во 1997 година е прва вселенска сонда наменета за истражување на Сатурн. Истражувањето го води NASA која го изгради орбитниот модул Cassini, a европската вселенска агенција (ESA) ја опреми сондата Huygens. Cassini опремен со Huygens влезе во орбитата на Сатурн на 1 јули 2004 година по седумгодишното патување и 3,5 милијарди поминати километри.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 22°C 1014mb |  calm km/h |
| | Skopje: |  | 21°C 1012mb |  calm km/h |
| | Bitola: |  | 22°C 1014mb |  calm km/h |
| | Prilep: |  | 22°C 1014mb |  calm km/h |
| | Stip: |  | 21°C 1012mb |  calm km/h |
| | Gevgelia: |  | 26°C 1011mb |  calm km/h |
|
|