|
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, потврди дека ќе бидат казнети полицајците кои беа вмешани во скандалот со приведувањето на деца во полициската станица Карпош. „Мерки се состојат, прво, во покренување на постапка пред комисијата за отказ заради кршење на работната дисциплина против неколку полициски службеници, кои биле директно инволвирани во овој случај“, рече Гордана Јанкуловска, министер за внатрешни работи.
„Понатаму, зависно од исходот на оваа постапка, најверојатно ќе се оди со предлог мерка за прераспоредување на полициските службеници, кои биле инволвирани во случајот“, изјави Јанкуловска. „Се разбира, со оглед на тоа што ваквото однесување е индикатор за постоење на одредени слабости во делот кој се однесува на постапување со деца, односно малолетници, одиме со предлог да се дополни годишната програма за обука на полициските службеници со теми и содржини кои ќе се однесуваат на постапување на полицијата кон деца, малолетници и лица со хендикеп“, додаде Гордана Јанкуловска.
|