Дома Живот Како до љубовна умешност
|
|
Како до љубовна умешност |
|
Политехничкиот факултет во Сингапур воведе курс на кој студентите се учат на умешноста на љубовните врски. Наставата опфаќа разновидни теми - анализа на љубовни песни, чат на интернет, запознавање. “Професорот вели дека ако некое момче ме гледа во очи подолго од пет минути, тоа значи дека му се допаѓам“, изјави една 18 годишна студентка.
Курсот “Разбирање на врската - љубов и сексуалност“, што започна од октомври 2007 година, го држи еден предавач од владината агенција за посредување и склопување на бракови. Курсот станал толку популарен што факултетот размислува да ангажира уште еден предавач. Основна цел на курсот е на младите да им помогне да ги сфатат “основите на човечките односи“ и да ги поттикне на склопување на брак и засновање на семејство. Владата на овој град - држава стравува од стареењето на популацијата што би можело да му наштети на стопанскиот растеж, поради што усвојува различни мерки, како што се даночни олеснувања и детски додатоци со цел зголемување на наталитетот.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 22°C 1014mb |  calm km/h |
| | Skopje: |  | 21°C 1012mb |  calm km/h |
| | Bitola: |  | 22°C 1014mb |  calm km/h |
| | Prilep: |  | 22°C 1014mb |  calm km/h |
| | Stip: |  | 21°C 1012mb |  calm km/h |
| | Gevgelia: |  | 26°C 1011mb |  calm km/h |
|
|