|
Мозокот на шизофреничарите |
|
Лицата кои боледуваат од шизофренија користат сосема различни центри во мозокот за краткорочно паметење, од лицата кои не боледуваат од оваа болест, покажа истражувањето спроведено на Универзитетот во Нешвил. Шизофренијата се смета за психичка болест, сложено пореметување на функцијата на мозокот што се состои од збир на карактеристични симптоми, а на болното лице му се отежнува, искривува или сосема оневозможува разликување на стварните од нестварни доживувања или искуства.
Имено, здравите лица ја користат десната страна на мозокот поради што може да запаметат посебни случувања или локации, додека шизофрените пациенти користат поширока мрежа на подрачја од двете страни на мозокот. Истражувањето покажало дека здравите лица, кога нешто ќе заборават, не се самоуверени во своето тврдење дека нешто запаметиле бидејќи нивниот мозок во тоа подрачје останал неактивен. Лицата пак кои боледуваат од шизофренија, се многу самоуверени во нешто што не го запаметиле или заборавиле, значи, нивните мозочни активности остануваат еднакви и тогаш кога запаметиле некои детали и тогаш кога не ги запаметиле.
|