Не се бега. Бритни е Бритни и мора малку да ја оговараме. Но за разлика од останатиот дел од интернетот, каде се објавени сликите и видеото, ние ќе Ви објасниме што се случува. Нашата „невина“ девојка порасна. Само што се омажи и успеа набрзина да роди две деца, а веќе почна да пропаѓа. Што и требаше?! Е па нејзиното момче, Кевин кој подолго време се закануваше дека ќе го продаде нивниот „приватен“ филм, всушност подолго време ја мамел. Да си мислите како можел?! Бритни!?
Е така е кога станува збор за бившата порно глумица Kendra Jade. Сите забави кај пријателите, Кевин и Кендра во последно време ги завршувале во некоја спална. На тоа Бритни одговори со очекуваното. Наместо да се продава касетата таа удира во јавноста со поголеми скандали.
Најнапред се здружи со Парис Хилтон и веќе се е можно. Се очекуваше. Значи Бритни не е ни целосно закрепната од раѓањето на второто дете кое сега е два месеци, а постарото бебе е една година, а веќе ги поминува ноќите со Парис и Линдзи Лохан. Иако овие две и не се согласуваат најмногу и наводно во една од забавите Парис навредува Линдзи со зборови од кои ни таа самата не е далеку и изјави дека не сака повеќе да ја види.  Подолго време ја немаше од сцената, но тоа не е оправдување за користење на вакви ниски чекори. Детска работа е да се преправаме како ги мразиме папараците и ги молиме да не остават на мира, а потоа излегуваме од автомобил во кратка сукњичка и без гаќички и приредуваме добра претстава за цел свет, покажувајќи ја својата добро одржувана женственост. Можеби Кевин ги зел со себе сите парчиња долна облека за да ги продава на аукции.
Колку тоа може да биде случајно?! Но, да и опростиме, си рековме првиот пат. Сепак, сеуште е вознемирена од разводот и и треба малку време да се присвести. Но, како да и простиме кога сама си го бара. Бритни ова го прави намерно. Таа сака да ја привлече целата јавност и дефинитвно и успеа. Еве ја како ова го прави повторно.
Уште една новост е дека Бритни и Парис би требало да се водители на Billboard Music Award во Лас вегас. Сепак, гласини кружат дека Бритни пред време се повлекла, бидејќи се загрижила за реакциите кои ги предизвика. Причината за сево ова беше „родив две деца за две и пол години и сега сакам малку време за да се забавувам“. Сепак, долгите ноќи со екстремни забави, лошо се одразија на најзината кариера и веќе почна да ги пропушта средбите со нејзиниот менаџер, кој е доста загрижен.
|