Една јапонска фирма претстави машка долна облека, која, како што тврди, помага при губењето на масните наслаги околу половината. Фирмата “Вакол“ во последните три години на пазарот веќе пласираше 7,2 милиони парчиња женска верзија на таа облека. Според истражувањето на компанијата, за 95 проценти од урбаните вработени мажи на старост од 30 до 40 години најголема грижа е како да го избегнат таложењето на стомакот.
Истото истражување покажало дека само 47 проценти од нив вежбаат за да ја сочуваат линијата. Од компанијата сметаат дека направиле производ за кој мажите одамна сонуваат, бидејќи овозможува намалување на килограмите само со чекорење. Овој вид облека го принудува корисникот да се држи исправено додека чекори, што ја поттикнува работата на абдоменалните мускули и обезбедува рамен стомак. “Тоа е нов концепт што на корисникот му овозможува да биде во форма само со носењето на облеката која чекорењето го претвара во вежба“, вели директорот на фирмата. Според официјалните податоци, околу 20 милиони од вкупно 127 милиони Јапонци страдаат од некое пореметување на метаболизмот, што често се манифестира и како слоеви маснотија во пределот на абдоменот.
|