Хотел наменет исклучиво за жени е отворен во вторникот во конзервативната Саудиска Арабија и е прв таков хотел воопшто на Блискиот исток. Во оваа држава, во која се наоѓаат и двете најголеми исламски светилишта, Мека и Медина, царуваат начелата на вехабизмот - строгото толкување на исламот врз основа на шеријатот што наметнува комплетна одвоеност на половите.
Хотелот има 26 соби и на гостинките им нуди 150 видови бањи и врвна кујна. Во Саудиска Арабија жените не смеат да се појават во друштво на маж доколку со него не се во блиско сродство, не можат да патуваат без дозвола од сопругот или друг маж од семејството, не смеат сами да јадат во ресторан или да возат автомобил, а во јавност не смеат да се појават непокриени.
|