Најнови клипчиња

Online Chat

Логирај се

Реклами

Moto Struga
Igri
Slikicki

Гласајте за нас

Гласајте за Најди Време

Рандом галерија

Да се насмееме

Дошла плавуша во продавница за бела техника и вика:
- Би сакала да го купам оној телевизор?
- Жал ми е госпоѓице, ама не услужуваме плавуши!- и рекол продавачот.
Утредента плавушата ја офарбала косата црна и пак отишла во продавницата.
- Би сакала да го купам оној телевизор?
- Жал ми е госпоѓице, ама не услужуваме плавуши!- и рекол продавачот.
Доаѓа палвушата повторно утредента целосно маскирана во бринета (црна) и вика
- Би сакала да го купам оној телевизор?
- Жал ми е госпоѓице, ама не услужуваме плавуши!- и рекол продавачот.
- Е добро де, како ме препознавте дека сум плавуша!?
- Епа тоа не е телевизор, туку микробранова печка!
 
Зошто Кинг-Конг сака плавуши?

- Затоа што е мајмун!
 
Која е разликата меѓу паметна плавуша и Јети?
- Можеби некој ќе го најде Јети!
 
Што имаат заедничко плавуши и девици?
- Ништо
 
 Зошто е добро да имаш плавуша за совозач?

 - Можеш да паркираш на местото за инвалиди!
 

Да сме заедно

 
 

Поважни телефони

Поважни телефони:
Полиција : 192
Брза помош : 194
Пожарна : 193
АМСМ : 196
Автобуска Охрид : 260-339
Аеродром Охрид: 252-820
НУ Центар за култура : 261-063
ФТУ - Охрид : 262-147
Охридско лето : 261-304
Doktor Host
Дома
Струшките вечери-мултијазични Print
ImageНа фестивалот се зборува на јазици од сите светски меридијани - апсурдно е да се бара тој да биде двојазичен,вели писателот Петре Бакевски. Апсурдно е да биде двојазичен фестивалот Струшките вечери на поезијата, кога речиси пет децении се залага за повеќејазичност, за спојување на поети од целиот свет кои создаваат дела на разни јазици, велат наши писатели. Тие реагираат откако Џеми Хајредини, член на неодамна именуваниот Управен одбор на фестивалот, побара СВП да се одржуваат на македонски и на албански јазик.

Писателот Петре Бакевски вели дека е нелогично за најголемиот европски меѓународен поетски фестивал да се бара двојазичност, бидејќи така фестивалот ќе го изгуби својот интеркултурен сјај.

- Ако во изминатите пет децении создадовме нешто горделиво, нешто што го распославме преку сите меридијани, тоа се Струшките вечери на поезијата. Струга е поим за културно спојување во целиот свет. Тоа е постигнато преку контактите на сите јазици што се случуваат на фестивалот. Поезијата не познава еден или два јазика. Таа е светска. Затоа авторите своите творби ги читаат изворно на јазикот на кој тие се напишани. Идејата за интеркултурна соработка СВП ја почнаа многу одамна. Обидот сето тоа да се смали, да се сведе на два јазика, е пазарење „на ситно“ со кое фестивалот ќе биде набиен во агол во време на обезличување на културниот идентитет - вели Бакевски. Академик Луан Старова апелира во организацијата на фестивалот да се вклучи Советот на Струшките вечери што беше составен пред три години. Тој смета дека на тој начин ќе се избегнат сите проблеми со кои сега се соочува СВП.

- Ова се само споредни и измислени проблеми што само им штетат на Струшките вечери. Во овие моменти е најдобро да му се даде моќ на Советот за да го поведе фестивалот, зашто во тоа тело членуваат автори кои Струшките вечери ги водеа во нивните златни денови. СВП е манифестација на сите и во себе носи обединувачки, а не разединувачки дух - вели Старова. Поетот Михаил Ренџов смета дека величината на СВП е во тоа што постои можност да се чуе творештво и на јазици што ретко се слушаат кај нас. Да се сведе сето тоа на некаква двојазичност, вели Ренџов, е неприфатливо за ниту еден творец што верува во идејата за јазично поврзување на народите и културите од разни меридијани. Струшките вечери со својата полифонија од јазици се како една Вавилонска кула. Убавината на фестивалот е што на едно место можат да се чујат и арапски, украински, шпански јазик како белези на нациите во светот денес - вели Ренџов.Академик Катица Ќулафкова е категорична дека фестивалот е светски, а не локален. Затоа Струга може да си направи своја поетска манифестација, но тоа не може да биде СВП.

- Не треба да се дозволи двојазичност. Тој фестивал треба да биде настрана од политичките превирања и да си премине во рацете на Друштвото на писателите на Македонија - вели Ќулафкова и додава дека на фестивалот треба да му се даде повеќе внимание за промоција на македонскиот јазик и творештвото на нашите автори.

Од Министерството за култура, кои го назначуваат раководството на фестивалот, се категорични дека ќе остане досегашниот концепт на спојување на поети од различни јазични средини од светот.

- Ќе направиме се' за фестивалот да не изгуби ништо од својата величина што ја гради речиси пет децении. Тој во светската култура денес е познат како фестивал што по концептот на повеќејазичност спојува автори од целиот свет. Треба да се задржи концептот на голема поетска манифестација. Не сме тесногради за да ја сведеме повеќејазичноста на само два јазика. Во текот на Струшките вечери, како и досега, треба да се зборува на сите светски јазици зашто на тој начин се креираат културните мостови, кои се основна замисла на фестивалот - велат од ресорното министерство.

Независно од идејата за двојазичност, од Дирекцијата на фестивалот велат дека деновиве забрзано работат на подготовките за избор на нов лауреат на Струшките вечери.

Илјаз Османи нов претседател  на Управниот одбор на СВП

Илјаз Османи, поет кој работи како наставник по албански јазик е назначен за нов претседател на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата. Тој ќе дојде на местото на поетесата Пунторие Муча-Зиба, која пред само една недела беше поставена на челната позиција во Одборот.  Муча-Зиба е сменета од позицијата зашто една недела по именувањето не свика состанок на членовите на Управниот одбор, кои треба да изберат добитник на наградата „Златен венец“ и да ја подготват програмата за фестивалот. Во мината недела таа беше во приватна посета на САД. Во Одборот остануваат да членуваат авторите Љавдрим Елмази и Бранко Цветковски. Од локалната самоуправа од Струга во Одборот ќе членуваат Џеми Хајредини и поетот Разме Кумбаровски.

Т.О.

Коментари
Додади новоПребарај
Напиши коментар
Име:
Website:
Наслов:
UBB Код:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img] 
 
Security Image
Please input the anti-spam code that you can read in the image.
 
< Prev   Next >

Македонија

Црвена линија околу името?Црвена линија околу името?
„Мора да знаеме сите, и тоа го потенцираме, дека Македонија нема друга иднина освен целосн...
Повеќе ...
2009-та во Европа без визи2009-та во Европа без визи
Сите уверувања што Македонија ги добива од европската комисија се дека 2009 е годината кога за...
Повеќе ...
Ново вето за СкопјеНово вето за Скопје
„Медијаторот Метју Нимиц на претставниците на Грција и на Македонија утре и задутре во Њу...
Повеќе ...
Учество во Белене?Учество во Белене?
Македонија сериозно да размисли за учество во проектот Белене. Претседателот Црвенковски з...
Повеќе ...

Свет

Масакр во ФинскаМасакр во Финска
Во училиште во југозападна Финска убиени се девет лица, а најмалку двајца тешко се ранети, ја...
Повеќе ...
Мафијашка банка во БелгијаМафијашка банка во Белгија
Криминална организација која обезбедувала пари за мафиите од повеќе земји, беше откриена од ...
Повеќе ...
Монструм сече главиМонструм сече глави
Непознат машки глас, кој најверојатно бил на возраст од околу 40 години, во средата попладнето...
Повеќе ...
Русија го лаже светотРусија го лаже светот
Грузискиот претседател Михаил Саакашвили во интервју за „Франс 24“ ја обвини Русија де...
Повеќе ...
Forum

Живот - Здравје

Аналгетиците штитат од рак!Аналгетиците штитат од рак!
Редовната употреба на вообичаените аналгетици, како што се аспиринот и ибупрофенот го намал...
Повеќе ...
Симптомите на мозочен ударСимптомите на мозочен удар
Нешто се случува со Вас но неможете да сфатите дали е од замор или пак нешто друго е во прашањ...
Повеќе ...
ЕКГ маицаЕКГ маица
При многу срцеви заболувања пациентите мораат да се подложат на долгорочен ЕКГ преглед. Ист...
Повеќе ...
"Discomgoogolation"
Под стрес сте ако немате пристап на интернет? Тогаш можеби патите од пореметувањето кое псих...
Повеќе ...

Анкета

Што најчесто сурфате ...
 

Временска прогноза

Ohrid:
8°C
1025mb

10 km/h
Skopje:
8°C
1026mb

3 km/h
Bitola:
8°C
1025mb

10 km/h
Prilep:
8°C
1025mb

10 km/h
Stip:
8°C
1026mb

3 km/h
Gevgelia:
12°C
1025mb

10 km/h

Да не е досадно


 

Надворешни содржини

World News
Yahoo! News
Design by Najdi Vreme - Team
© 2008 Najdi Vreme