Жените кои живеат во соседствата подложни на големи количини улично осветлување се во поголема опасност да заболат од рак на дојката. Ова го докажа една необична студија спроведена во Израел.
Всушност, до резултатите се дошло со прегледување на сателитски снимки од Земјата и областите во кои има најголема стапка на рак на дојката.
Овие резултати ја подржуваат хипотезата дека изложеноста на преголемата количина на светлина во текот на ноќта го зголемува ризикот од појава на канцер на дојката, тоа заради продукцијата на хормоните која се намалува при светлина а се основни за спречување на туморот.
Научниците подолго време знаат дека експерименталните глувчиња изложени на светлина имаат поголем ризик да заболат од рак, за разлика од оние кои спијат во комплетен мрак.
Епидемиолошките студии на сестри, стјуардеси и други жени кои работат навечер покажуваат дека се зголемуваат шансите да се појави рак дури за 60%.
AFP - Dozens of people were injured in an explosion late Thursday at a gala concert in Minsk attended by Belarussian President Alexander Lukashenko,...