|
Бара дечко преку интернет |
|
Најубавата фудбалска судијка во светот, Бразилката Ана Паула Оливеира бара дечко преку интернет. Таа на својот блог ја објави следната порака:Веќе подолго време барам дечко и ме интересира дали е некој способен за тоа?
Со оглед на фактот дека се работи за вистинска убавица, која минатата година позираше за бразилското издание на Playboy, сигурно понудата ќе биде голема. Само во првите неколку часа се пријавиле 280 обожаватели. Ана Паула е 29-годишна бринета која веќе десет години работи како помошен фудбалски судија во Фудбалскиот сојуз на државата Сао Паоло. Судеше во завршните мечеви на регионалното првенство на Сао Паоло, како и на бразилскиот куп, а судската фела по кратката полемика повторно ја прими назад во своите редови по нејзината епизода како фото модел. На минатогодишниот двобој на бразилскиот куп, Ана пропушти да сигнализира два очигледни гола, поради што Бразилскиот фудбалски сојуз ја суспендираше на осум месеци.
|