|
На американската актерка Хали Бери (41) и се оствари најголемата желба, откако за прв пат стана мајка. Бери во неделата вечер роди девојче, а нејзиниот портпарол изјави дека мајката и бебето се чувствуваат одлично.
Ова е прво дете на холивудската ѕвезда и нејзиниот партнер, 32-годишниот манекен Габриел Обри, кого го запозна во 2005 година, за време на снимање на рекламна кампања за модната куќа „Версаче“. Хали Бери зад себе има два брака, со Дејвид Џастис и Ерик Бенет. Актерката неодамна изјави дека со Обри не планира да стапи во брак, бидејќи и вака „целосно се предадени еден на друг“.
|