За бременоста сите жени сметаат дека треба да биде проследена со вообичаените симптоми, тука најчесто спаѓа утринската мачнина, отсуство на менструација, чувство на истоштеност итн.
Еве неколку знаци кои идните мајки најмалку очекуваат дека е можно да ја предвестуваат бременоста.
Крвавење на носот / затнат нос
Сите знаеме дека носот е далеку од матката, па како може да биде инволвиран во бременоста? Бидејќи крвавењето од нос и затнатиот нос се многу чести појави кај луѓето жените не сметаат дека ова може да биде знак дека се бремени.
Менструација
Кога жената е бремена очекува нејзините менструации да престанат. Понекогаш понатамошното добивање менструација иако жената е бремена е многу нормално. Жената треба да биде загрижена само доколку се смени бојата на секретот.
Напнатост во цревата
Оваа напнатост најчесто е проследена со подригнување и гасови. И овој знак најчесто се меша со обично прејадување, па жените не го сфаќаат сериозно. Откако ќе утврди дека е бремена жената треба да се труди да избегнува силна и зачинета храна.
Тврда столица
Ова е многу честа појава кај бремените жени. Хормоните во бременоста предизвикуваат забавување во дебелото црево и токму заради тоа се јавува овој проблем. Жената треба да јаде храна со влакна, да пие сокови и чаеви. Доколку ништо од ова не помогне треба да се обрати кај својот лекар за да се преземат дополнителни медицински мерки.
AFP - Dozens of people were injured in an explosion late Thursday at a gala concert in Minsk attended by Belarussian President Alexander Lukashenko,...