Дома Еротика Марфиеви еротски закони
|
|
Марфиеви еротски закони |
|
Едвард Е. Марфи бил еден од инженерите кои во 1949 година учествувал во експериментите на американските воздухопловни сили со кои се мерела толеранцијата на човечкиот организам на возбудување. На различни делови на човековото тело биле поставени 16 сензори.
Постоеле два начина да се инсталираат сензорите и некој методично прибегнал кон погрешниот. Тогаш Марфи на прес-конференција ја изговорил својата прочуена изрека: „доколку постојат два или повеќе начина нешто да се направи, а еден од нив може да резултира со катастрофа, некој ќе тргне ќе го одбере токму тој“. Во рок од еден месец „Марфиевиот закон“ се проширил на разни области од вселенскиот инженеринг, а години подоцна и на секојдневниот живот. Еве како тие функционираат во областа на еротиката: 1. Најпрекрасна е онаа жена која те сака, а која можеш да ја оставиш без грижа на совест 2. Единствен лек за сексот е уште повеќе секс 3. Сексот е 50 отсто од тоа што си го добил и 50 отсто од тоа што луѓето мислат дека го добиле 4. Маж во куќа вреди повеќе од двајца на улица 5. Невиноста може да се лечи 6. Квалитетите со кои жената го освојува мажот се обично оние кои први ќе се појават 7. Сексот е валкан само кога правилно се прави 8. Сексот е наследен. Доколку вашите родители никогаш не го имале, големи се шансите и кај вас да биде исто 9. Пред да ги најдете вашите принцови мора да бакнете многу жаби 10. Сакај го ближниот свој, но не дозволувај да те фатат 11. Љубовта е хемија, сексот чиста физика 12. Сексот е збор од четири букви на кој му е потребен збор од пет букви за да го добие потполното значење 13. Никогаш не се „сексај“ со жена која е уморна или одморна 14. Жената никогаш не го заборава мажот кој можела да го има, а мажот жената која не може 15. Не е важна должината на диригентската палка, туку магијата во неа 16. Можам на се да одолеам, освен на искушението 17. Убавина се вовлекува под кожа, грдоста стигнува до коските 18. Мажот е само маж, а добриот велосипед е возило 19. Не го прави тоа ако не можеш да го одработиш исправено 20. Никогаш не оди во кревет обесхрабрен, исправи се и бори се! 21. 9 од 10 забари го препорачуваат оралниот секс 22. Религиозноста не е превентива за секс. Таа е превентива за уживањето во него 23. Харфата е гол клавир 24. Имањето на две бањи во станот иде на штета на соработката 25. Меден месец: време меѓу „можам“ и „можев и подобро“ 26. Ако не знаеш да бидеш добар, барем биде внимателен 27. Два е друштво, три е оргија 28. Прво брачно правило: ако си во право – брзо извини се 29. Целибат: најнеприродна перверзија 30. Барај извинување денеска, утре може нема да се чувствуваш криво 31. Најдобар начин да задржиш маж е – во прегратка 32. Многу нешта се подобри од секс. Многу нешта се полоши од секс. Но, не постои ништо како секс. 33. Мажот е среќен со било која жена, додека не ја засака 34. Сексот е еден од деветте причини за реинкарнација. Останатите осум се неважни. Извор: ИДИВИДИ
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 22°C 1014mb |  calm km/h |
| | Skopje: |  | 21°C 1012mb |  calm km/h |
| | Bitola: |  | 22°C 1014mb |  calm km/h |
| | Prilep: |  | 22°C 1014mb |  calm km/h |
| | Stip: |  | 21°C 1012mb |  calm km/h |
| | Gevgelia: |  | 26°C 1011mb |  calm km/h |
|
|