Дома Живот 4 правила за комуникација
|
|
4 правила за комуникација |
|
Понекогаш е потешко да се разберат мажите и жените помеѓу себе, отколку договарање помеѓу странски компании. И доаѓаме до заклучокот дека мажите и жените зборуваат различни јазици. Примери...еден куп: - драги, сите наши пријатели се оженети долго време. - аха. - ме слушаш ли? - да, да. ќе дискутираме за твоите проблеми после фудбалот.
Проблемот е што имаме апсолутно различни гледања на дијалогот и очекувањата од истиот. - Мажите очекуваат информации, жените - емоционална подршка. - Мажите зборуваат и очекуваат да бидат разберени, и не сакаат да бидат прекинувани или ќе експлодираат како буре без барут. Жените зборуваат и очекуваат подршка. Бараат некој да ги сослуша и да се заинтересира за нивните проблеми. Како што вели поговорката „Ако жена Ве праша за совет, значи нема кому да си го отвори срцето“. - Мажите не сакаат многу прашања.
Како да се разбереме? Мора да следиме некои правила.
Правило број 1. Кажете го конкретниот проблем. Мажите се ориентирани на конкретни цели. Сакаат да знаат што вие сакате од нив. Да се знае одговорот на ова прашање, значи да се владее ситуацијата. Ако имате проблем и сакате да дискутирате, кажете јасно и гласно дека ви треба нова правосмукалка на што ќе следи олеснителенно воздивнување во стил „не мора да се објаснува зошто доцнеше вчера“. Жените уживаат да разговараат. Не е важно што. А мажите се живцираат кога ќе слушнат „треба да разговараме“.
Како да се поправи ситуацијата? Прво најавете ја програмата. Заменете ја реченицата „за нашата врска“ со „веќе 5 години одиме и мислам дека мајка ти веќе не може да издржи и со душа чека да го предаде синот во прави раце. Мислам дека е време да се ...разделиме/ожениме“. Мажите не сакаат заобиколени разговори. Зборувајте директно и отворено.
Правило број 2. Не размислувај гласно Мажите мислат во себе. Го кажуваат само резултатот. Жените зборат се и сешто. Само нешто да зборат. Што и да им падне на ум „Треба да ти ги перам алиштата денес. Изморена сум од проблеми, а синот ми оди на нерви. Срамота. Да ми се смеат сите у школо.“ И ..нормално, мажите губат трпение.
Како да се поправи? Заборавете ја оваа навика и отсега размислувајте си само во себе. Жалењето и плачењето ги иритира мажите.
Правило број 3. Никогаш не му наредувајте! Наредбите се извршуваат само во армијата. Посилниот пол преферира независно да одлучува што да прави. Така да, наредбите од тип „Веднаш да си ставил шајка во ѕидот“...завршуваат со „не можам, зафатен сум/може да почека/не ти требаше вчера/утре. Зошто? Затоа што не му оставате избор. Нема простор да избира сам да каже „треба/ќе да ставам шајка во ѕидот“.
Како да се поправи? Замолете го учтиво, без кревање на гласот. Ако успеете да сврзете убава и кратка молба, успехот е гарантиран. Ако не ве слуша, обидете се сами и нема да може да гледа колку сте несмасни и ќе стане или ќе заклучите дека сте можеле да го сторите тоа и самите.
Правило број 4. Не очекувајте да ви ги опишува чувствата во детали. „Никогаш не зборува за љубов. Освен ако прашувам упорно. Но после тоа, веќе и не ми е потербно да ми кажа!“ Ова е секојдневие. Да не ве изненадува. Она ...вљубен до уши... е само во првите неколку месеци од врската. Тогаш зборуваат. Мажите зборуваат за односи со другите, проблеми со надредени/подредени...Тешко им оди изразувањето на чувства. И ако некогаш затекнете некој да води тежок монолог, едвај избирајќи зборови, треба да бидете среќни и горди што сте една од ретките. Во никој случај да не сте го прекинале. Слушајте го без здив. Нема да ви се повтори уште долго време.
Како да се поправи? Потрудете се да го разберете - маж е. Роден е таков и не е виновен за тоа. Верувајте му. Понекоггаш може да изјавува чувства. Ако е хипнотизиран или под анестезија :). И подобро прифатете го таков. Дури и да може да се смени...нема да бидете среќни...оти тогаш би бил ... жена :) .
Дали вреди да се трудите? Можеби е подобро да се прифатат правилата на игра!?
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 28°C 1011mb |  10 km/h |
| | Skopje: |  | 26°C 1010mb |  27 km/h |
| | Bitola: |  | 33°C 934mb |  29 km/h |
| | Prilep: |  | 33°C 934mb |  29 km/h |
| | Stip: |  | 26°C 1010mb |  27 km/h |
| | Gevgelia: |  | 32°C 1007mb |  19 km/h |
|
|