Британска тинејџерка се разбудила од кома, откако и запеала Гери Халивел од Спајс грлс. 14 - годишната Џесика Кнајт паднала во кома додека и била правена операција поради тоа што непознат напаѓач ја избодел со нож додека се шетала во парк.
Кога во посета на болницата дошла спајсицата и почнала да пее една од нејзините песни, девојчето почнало да мрда со рацете и нозете.
Се случило вистинско чудо. „Толку ни олесна. Беше забавно да се гледа како нашата ќерка ги мрда нозете додека пееше Гери“ - изјави мајката на Џесика.
Гери била замолена да дојде во посета на девојчето од некој нејзин роднина.
Тинејџерката била избодена во паркот само два дена пред да треба да оди на концерт на Спајс грлс. „Штета што Џесика не се сеќава дека Гери ја посетила. Кога и кажав само шокантно ме погледна и рече - нема шанси“ - рекла мајката.
Опоравувањето на девојчето тече добро, јавуваат британските медиуми.
AFP - Invincible China clinched their sixth consecutive Uber Cup team championship Saturday, toppling Indonesia 3-0 to send an ominous warning ahead of the...