Архитектонските интервенции на грчкиот остров Лефкада доведоа до откритие на 300 години стара гробница која делумно е уништена поради истите работи кои доведоа до нејзино откривање.
Откриената гробница е минијатурна копија на гробници какви што граделе грчките кралеви во микенско време, кои завршиле во 1100 година пред Христа поради вулканска ерупција.
Иако се пронајдени околу десет вакви гробници од тој тип, никогаш не е пронајден доказ за постоење на гробници од ваков тип на западните Грчки острови како што е Лефкада.
Ова откритие може да доведе до расправа во научните кругови за каде поточно се наоѓала Одисејовата Итака.
Во гробницата археолозите пронашле човечки коски, грнчарија типична за времето на Микена и оружје. Пред ова откритие се мислело дека Итака е на островот со исто име, но некои археолози мислат дека островот го добил името неколку века по одвивањето на Тројанската војна.
Откритието на оваа гробница ќе покаже дали Итака била на Лефкада или на Кефалонија.
Кој остров е точен ќе покаже времето и археолошките докази.
AFP - Invincible China clinched their sixth consecutive Uber Cup team championship Saturday, toppling Indonesia 3-0 to send an ominous warning ahead of the...