Иде Ван Деутеком (22) од Холандија одлучил да се збогати спиејќи. Тоа му е омилено хоби, и бидејќи е многу добар во тоа, сака луѓето да му плаќаат.
Ова момче продава простор за огласи на сајтот со пренос на неговото излежување во кревет во живо. За 23 денови колку што поминал во кревет, тој собрал скоро девет илјади долари. “Спиењето е мое хоби и тоа е единствена работа во која сум добар. Сите ме прашуваат што би работел во животот, а јас навистина само би спиел“, вели Иде. “Во кревет сум цел ден, освен кога одам да се истуширам, одам во тоалет или кога јадам. Тоа е се што сакам да работам е да останам во кревет се додека не се збогатам“. Досега скоро 125 илјади луѓе го посетиле неговиот сајт.
|