|
Во случајот на целулитот нема правила. Само 10% од жените немаат целулит, а меѓу останатите 90% го имаат дури 32% слаби жени. Најчесто се јавува заради влијанието на хормоните, неправилната исхрана и недостатокот на физички активности.
Причината честопати може да биде и генетска, ама сепак најголемо влијание има женскиот хормон естроген. Овој хормон предизвикува наталожување и задржување на вишокот маснотии кои може да се јават од пубертетот до климаксот. За отстранување на целулитот треба да се вложи многу труд и тоа комбинација на исхрана, вежбање и козметички третмани. Целулитот може да настане наеднаш, а причината може да биде дебелеење, тука може да влезе и стресот како причинител на целулит. Секоја телесна активност е добра за топење на целулитот, значи џогирање, аеробик, одење, пливање, значи се што физички го активира телото. Временски избалансираните оброци се исто така лек за оваа непријатна појава, многу вода, минерали и витамини е одлична комбинација за борба против целулитот. Неуредната столица исто така влијае на појавата на целулит. Најновите истражувања покажуваат дека жените кои имаат полно или мрзливо црево имаат многу целулит бидејќи се оневозможува повратен проток на крв во нозете.
|