Италијанскиот производител на спортски автомобили Ферари му се заканил на сопственик на нивно возило од Британија дека ќе го тужи оти од автомобилот самиот направил 7-метарска лимузина. Ферари најавило дека ќе тужи за повреда на авторски права, објави британскиот весник Метро.
На Ден Коули (30) од Манчестер му биле дадени 14 денови за да ги отстрани сите симболи на Ферари од лимузината, чија основа е Ферари Модена 360. Исто така му било забрането и да зборува дека неговиот автомобил е модел на Ферари.
Адвокатите на италијанскиот производител тврдат дека, откако Коули го преполовил моделот 360 Модена и потоа го продолжил со околу 3 метри рачно изработен дел, тоа повеќе не е Ферари.
Британецот пак се брани дека ја контактирал управата на Ферари пред да почне со преработка на возилото вредно околу 200.000 фунти и оти му било кажано дека може да прави што сака со него оти тоа е негова сопственост.
Иако лимузината со осум седишта делумно изгубила од својата моќ, оти тежи 160 килограми повеќе од оргиналот кој е тежок 1.390 килограми, а го придвижува 3.6 литарски V8 мотор, таа забрзува од 0 до 100 км/h за само шест секунди, максималната брзина и е 268 км/h, што е незначителни 28 км/h помалку од претходно.
AFP - Invincible China clinched their sixth consecutive Uber Cup team championship Saturday, toppling Indonesia 3-0 to send an ominous warning ahead of the...