Американската сонда на Марс сосема неочекувано ги забележала првите слики на серија одрони на мраз и прашина во близина на северниот пол на црвената планета, соопшти НАСА. Деталната слика која американската вселенска агенција ја добила од сондата на 19 февруари е само една од 2.400 колку што неодамна објави.
„Ова ме изненади“, соопшти Ингрид Добар Спајшел од Универзитетот во Аризона, задолжена за насочување на сондата.
Таа истакна дека „извонредно е да се набљудува нешто што е динамично на Марс, каде ништо не се сменило си милиони години“.
Призорите на одрони се снимени сосема неочекувано затоа што научниците биле во потрага по пролетните промени кај замрзнатиот јаглен диоксид, кој ги прикрива дините на Марс.
AP - A conservative opposition party won the most votes Lithuania's election, but strong support for populist groups set the stage for tricky coalition...