|
Бебето скоро колку мајката |
|
Стејси Хералд (30) од Кентаки во САД верува дека е најмалата жена која родила. Висока е само 72 сантиметри, а на свето донела девојченце долго 46 сантиметри.
“Цел живот ми говореа дека нема да можам да имам деца, бидејќи не би ја преживеала бременоста. Но, нешто во мене тоа никогаш не сакаше да го прифати“, вели Стејси, која сега има две деца. Таа и нејзиниот сопруг ВИл веќе имаат 1,5 годишно девојченце Катира, која од мајката ја наследила остеогенесис имперфекта, генетска болест поради која коските се исклучително кршливи. Лекарите изјавиле дека помладата ќерка Макаја нема да има проблеми со растот. Семејството Хералдс ќе биде уште поголемо, бидејќи сакаат и син. “Горд сум што ми е Стејси жена. Таа е прекрасна сопруга и мајка“, изјавил Вил.
|