|
Остатоци од рептил долг 15м |
|
Норвешките научници откриле остатоци на 15 метри долг морски рептил кој пред 150 милиони години живеел во Северното ледено море.
Станува збор за еден од најголемите рептили кои некогаш живееле во морињата. Фосилните остатоци пронајдени на островот Спицберген, северно од норвешкото копно, стручњаците го нарекле „чудовиште“ и спаѓа во најголемите примероци на пилосаурот. Овој вид имале огромна глава, големи заби и четири перки. Должината на перки кај пронајдениот примерок изнесувала скоро три метри, се наведува во соопштението на универзитетот во Осло, објавено во средата. Ова чудовиште можело да прегризе помал автомобил, вели палеонтологот Ричард Форест.
|