|
Потпетици без - потпетици! |
|
Еве што овозможува добрата конструкција - високи потпетици, што немаат потпетици! Новите чевли на дизајнерот Антонио Берарди не можат да се опишат како високи потпетици, бидејќи им недостига главниот дел - потпетиците
Сепак, овие чевли ја подигаат жената за вртоглавите 13 сантиметри од земјата, а наводно веќе ги набавиле актерките Ума Турман и Гвинет Полтроу, како и Викторија Бекам. “Кога чекорите имате чувство како да одите на прсти. Изгледа многу профинето“, изјавил дизајнерот, кој додава дека бил инспириран од латиноамериканската музика и постмодернизмот од 80-тите години од минатиот век. Не е јасно дали чевлите ќе се продаваат со упатство за носење или можеби со кацига. Цената на оваа сензација изнесува “само“ 1800 фунти, а ортопедите не се воодушевени од иновацијата, бидејќи потпетиците, според нив, мора да ја стабилизира ногата.
|