|
Што прават и како изгледаат ѕвездите на познатата американска серија "Beverly Hills 90210", тинејџерите од елитниот американски кварт - ако случајно сте размислувале на оваа тема, еве го одговорот ...
Џејсон ПРИСТЛИ - Брендон Волш Во вистинскиот живот има сестра близначка, а после "Беверли Хилс" глумеше во помалку популарни серии и филмови, а и самиот се обиде како режисер. Пред шест години едвај преживеа сообраќајна незгода, а минатата година стана татко. 
Шенон ДОЕРТИ - Бренда Волш Поради несложување со поголемиот дел од актерската екипа на сетот на серијата ликот на Бренда Волш исчезна од сценариото во последните епизоди на "Беверли Хилс". Кусо потоа Шенон глумеше во "Волшебнички" - уште една серија на Арон Спелинг.

Џени ГАРТ - Кели Тејлор Ликот на разгалената богаташка Кели ќе остане во сеќавање поради онаа нејзина изјава "Се бирам себеси" изговорена во една од епизодите кога мораше да избере меѓу љубовната понуда на Брендон и Дилан. Денеска е мажена, мајка на три деца, а последното нејзино запазено појавување во јавноста беше четвртото место во американскиот "Танц со ѕвездите".

Лук ПЕРИ - Дилан Мекеј Го имаше меѓу згодните момци во серијата "Оз", а гостуваше и во други серии, пародија на злочестото момче и големиот заводник Дилан од "Беверли Хилс".

Тори СПЕЛИНГ - Дона Мартин Ќерката на починатиот творец на серијата "Беверли Хилс" Арон Спелинг имаше 16 години кога стана славна со улогата на Дона Мартин. Неодама магазинот "Пипл" објави делови од нејзината недовршена автобиографија со која, како што најавила, ќе го шокира дури и својот втор сопруг, актерот Дин Мекдермот со кого настапува во реалното шоу: "Tori & Dean: Inn Love".

Јан ЗИРИНГ - Стив Сандерс И тој го освои четвртото место во "Танц со ѕвездите", но во 2006 година. Заработува синхронизирајќи анимирани филмови, а пред шест години се разведе од Плејбој зајачицата Ники Зиринг со која беше во брак пет години.

Габриел КАРТЕРИС - Андреа Имаше 29 години кога во "Беверли Хилс" ја глумеше сериозната тинеџерка, уредничка на школскиот весник и огнена следбеничка на идеалниот Брендон. Едно време, по завршувањето на серијата, имаше свое утринско шоу на една американска телевизија, а денеска заработува позајмувајќи го својот глас за видеоигри.

Хилари СВОНК Глумеше во 16 епизоди на серијата и тоа во 1998. кога снимањето се ближеше кон крајот. Нејзиниот лик брзо беше исфрлен од сценариото затоа што не им се допаднала како глуми. Само една година подоцна, во 1999, Хилари освои Оскар за најдобра женска улога во "Boys Don't Cry". Во 2004 освои уште еден за улогата во "Million Dollar Baby".
|