Компаниите кои се занимаваат со анти вирусен софтвер, тврдат дека бројот на штетните програми кои секојдневно се појавуваат на интернет достигнал број на вистинска пандемија. Според нивните проценки, во 2007 година во оптек биле скоро пет пати повеќе вируси отколку во 2006.
Компанијата "Panda Software" објави дека секој ден прима околу 3.000 примероци на таканаречен "malware". Интернет криминалците уфрлаат различни варијанти на вирусите за да ги збунат антивирусните програми кои ги препознаваат според заедничките карактеристики.
"AV Test" објави дека во 2007 година забележале околу 5,4 милиони примероци на штетни програми. Фактот дека екој вирус може да се модифицира значи дека оваа бројка би можела да биде и неколку пати поголема.
Повеќето од вирусите се наменети за различните верзии на Windows оперативниот систем на Microsoft, a претежно се составени од елементи на стари вируси кои се споени на таков начин што делуваат како нови.
Според изјавите на стручњаците, криминалците постојано измислуваат нови техники со кои ги избегнуваат антивирусните програми кои се обидуваат да го откријат "потписот" на секој познат вирус.
AP - A conservative opposition party won the most votes Lithuania's election, but strong support for populist groups set the stage for tricky coalition...