|
Стапката на невработеност во ЕУ во декември минатата година опадна на 6,8%, објави агенцијата за статистика на ЕУ, Евростат.
Во декември 2007 година во 27-те земји на ЕУ без работа биле 16,2 милиони лица, што е помалку во споредба со истиот период во 2006 година кога нивниот број изнесувал 18 милиони. Во тринаесетчлената еврозона стапката на невработеност во последниот минатогодишен месец останала непроменета, на ниво од 7,2%. Најмалку невработени имало во Холандија 2,9% и Данска 3,1%. Најголема невработеност во рамки на ЕУ имала Словачка, 10,8% , додека на второ место е Шпанија со 8,6% невработени. Во текот на минатите години стапката на невработеноста опаднала во 24 земји, а се зголемила во три. Со најголем пад може да се пофали Полска каде бројот на невработени опадна од 11,8% на 8,1% и Бугарија со намалување на стапката од 8,2% на 5,8%. Од друга страна, невработеноста на годишно ниво, најмногу се зголемила во Шпанија од 8,2% на 8,6%. Во споредба со главните економски конкуренти, ЕУ е во се полоша позиција, поради тоа што стапката на невработеност е повисока отколку во САД, каде во декември достигнала 5% и во Јапонија каде се регистрирани 3,8% невработени.
|