Бурата која го зафати Рио де Жанеиро не ја одмина ни најголемата знаменитост на овој бразилски град - едно од седумте светски чуда, најголемата статуа на Исус на светот.
За време на големото невреме кое го зафати Бразил, гром удри во статуата која е висока 39 метри и тежи 700 тони. Статуата се наоѓа на врвот од ридот Корковадо, од каде "бдее" над повеќемилионскиот Рио.
Џиновската статуа во минатогодишната "ревизија" на листата беше прогласена за едно од седумте нови светски чуда, а фактот дека бурата која го опустоши Рио откорнувајќи дрва не ја оштети статуата само ја зацврсти верата на тамошните жители во нејзините натприродни моќи.