 “A Shot at Love With Tila Tequila” е контроверзното шоу што се дава на музичката телевизија MTV, а сега се докажа дека сето тоа што е внатре е комплетно лажно. Имено, во шоуто има 16 лезбејки и бисексуалки и 16 хетеросексуални мажи кои се трудат да го освојат срцето на бисексуалната водителка Тила Текила.
Проблемот е во тоа што Тила воопшто не е бисексуална, а не е ни слободна девојка.
Анонимен извор до водителката открива дека Тила е во врска: “Тила е во среќна врска повеќе од една година. Таа не е лезбејка, а не е ни бисексуална, таа навистина се бакнувала со некои девојки, како и сите други девојки во светот, ама воопшто не е бисексуалка” 
Токму тоа е причината што ова шоу нема да ја доживее втората сезона. Тила не сака да ја прекине врската со пет години постариот маж. Инаку, вистинското име на Тила е Thien Thanh Thi Nguyen – по потекло е од Виетнам, а се прослави преку MySpace.
|