Британските научници се повеќе го препорачуваат сексот како вежба што ја намалува опасноста од болести на срцето и го продолжува животот. Имено, ендорфините што се ослободуваат во тек на оргазмот, ги стимулираат клетките на имунолошкиот систем што ги откриваат болестите како што е ракот.
Според интернет страната на британското здравство “Директ“, сексот има подобар ефект од класичните вежби. “Заборавете на џогинг или другото вежбање. Во сексот се користат сите групи мускули, тој ги поттикнува срцето и белите дробови на забрзана работа и согорува околу 300 калории на час“, се вели на оваа интернет страна. Сексот во крвта ослободува хемикалии што ја ублажуваат болката, а се намалуваат и брчките. Освен тоа, создавањето на поголеми количества од хормоните естроген и тестостерон го “одржува здравјето на мускулите и коските и создава супер чувство во телото“. Некои стручњаци, меѓутоа, тврдат дека сексот иако без сомнение здрав, сепак не смее директно да се поврзува со намалување на ризикот од заболувања на срцето или пак со должината на животот.
|