Дома Живот Одштета за Саркози од 1 евро
|
|
Одштета за Саркози од 1 евро |
|
Поранешната манекенка Карла Бруни доби отштета од 60 илјади евра, а францускиот претседател симболично едно евро, за неовластено објавување на нивна слика за рекламирање.
Францускиот претседателски пар го тужеше нискотарифниот авиопревозник Рајанер поради реклама во која се појави слика на Николас Саркози и неговата сопруга Карла Бруни. Саркози за објавувањето на неговата слика, без дозвола, во рекламни цели бараше отштета од симболично едно евро, а неговата сопруга половина милион евра, но судот и додели значително помалку – 60.000 евра Карла Бруни, според адвокатот на француската претседателска двојка, парите од отштетата ќе ги донира на француската хуманитарна организација Restos du Coeur. Тужената авиокомпанија Рајанер исто така е задоволна од исходот на судскиот процес и најави дека отштетата од 60 илјади евра ќе ја удвои и ќе ја донира на хуманитарна организација по избор на Саркози. Рекламата била објавена на 28 јануари во францускиот весник Ле Паризиен, а станува збор за слика на која се гледаат Саркози и Бруни, а над главата на првата дама на Франција има облаче во кое пишува “Со Рајанер може целото семејство да дојде на мојата свадба“.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 28°C 1011mb |  10 km/h |
| | Skopje: |  | 26°C 1010mb |  27 km/h |
| | Bitola: |  | 33°C 934mb |  29 km/h |
| | Prilep: |  | 33°C 934mb |  29 km/h |
| | Stip: |  | 26°C 1010mb |  27 km/h |
| | Gevgelia: |  | 32°C 1007mb |  19 km/h |
|
|