|
Поради заканувачко писмо, кое, според медиумите, го добило семејството, малечката Шило, ќерката на Анџелина Џоли и на Бред Пит, деновиве живее во домашен притвор, сокриена зад затворени врати.
Познатата актерска двојка го засили обезбедувањето на својот дом и на децата, бидејќи на прагот пронашле заканувачко писмо. „Некој дошол пред нивната врата и оставил закана, што се однесува на малечката Шило. Писмото содржело фотографија на девојчето и порака во која пишувало ’Веќе дојдовме волку блиску“, изјави лице блиско до Анџелина и Бред.
Според истиот извор Шило сега има 24-часовно обезбедување, а Анџелина и Бред избегнуваат да ја изнесуваат надвор. Познатите и славните често пати се наоѓаат во слични ситуации, а семејството Џоли-Пит, се чини, живее во постојан страв. Минатата година пред нивната куќа имаше пукотници во кои беше погоден нивен автомобил. „Сега куќата им е како тврдина. Секоја педа од нивниот имот е покриена со инфрацрвени камери“, тврди извор близок до славата двојка.
|