|
Откако online трговијата утрово накратко прекинала, почнале нагаѓањата за што ново ќе претстави Apple. Но овој пат не станува збор нов производ, туку за надградба на iPhone-от и iPod-от Touch, кои сега се достапни со поголем капацитет.
iPhone со осум гигабајти меморија во САД може да се купи за 399 долари, додека 16 гигабајтната верзија за 499 долари. Верзиите со четири гигабајти веќе ги нема некое време. iPod Touch е повторно достапен во верзија до 16 гигабајти за 399 долари, односно 32 гигабајти за 499 долари. Освен промените на мемориските капацитет, двата уреди се идентични со своите претходници.
|