Големината на градите на младите жени може да им каже колкава е шансата да заболат од дијабетис тип 2. Развојот на дијабетис подоцна во животот може да се предвиди со големината на градите.
Оваа студија беше предводена од Канадската медицинска асоцијација и беше објавена во Canadian Medical Association Journal.
Истражувачите погледнале во податоците од истражувањето спроведено врз 92000 жени. Тие дознале дека жените кои носат број на градник поголем од 90, имаат за 60% поголема шанса да заболат од дијабетис во староста, за разлика од жените што носат градник помал од број 90.
Но, и жените со проблеми со тежината исто така имаат голема шанса да се разболат од дијабетис тип 2, за разлика од послабите жени кои немаат проблем со вишокот килограми.
Секое зголемување на обемот на половината претставува ризик за појавување на дијабетис тип 2. Оваа нова студија сугерира дека складирањето на мастите во женските ради може да предизвика дополнителен ризик жената да страда од дијабетис во подоцнежните години.
AP - A conservative opposition party won the most votes Lithuania's election, but strong support for populist groups set the stage for tricky coalition...