|
Почна изградбата на Ера сити |
|
 Изградбата на најсовремениот деловен и забавен центар во регионот Ера сити Скопје почна со симболично поставување камен темелник. Во рамките на Ера сити ќе биде изграден најголемиот трговски центар во регионот со вкупно 85 илјади квадратни метри.
„Концептот на оваа инвестиција, вредна околу 150 милиони евра, е во ЕРА Сити Скопје да бидат привлечени повеќе препознатливи меѓународни брендови преку кои ќе се презентира Македонија како држава со добар кредибилитет за инвестирање“, изјави македонскиот премиер Никола Груевски.
На почетокот на изградбата на објектот присуствуваа и шефовите на дипломатиите на Македонија и на Словенија, Антонио Милошоски и Димитриј Рупел, како и првиот човек на компанијата ЕРА Гвидо Омладич.
Ера во деловно-трговскиот центар во Скопје, со бруто површина од 33.600 квадратни метри, во наредните пет години ќе инвестира 150 милиони евра.
|