На последниот Санденс фестивал во новиот филм Assassination of a High School President со Миша Бартон, можеме да ја видиме разголена во неколку сцени. Оваа 21-годишна ѕвезда, позната на јавноста по нејзината улога во “O.C.” се прослави како слатка и нежна девојка, сон на секое пристојно момче.
Сепак Миша од неодамна им се придружи на Парис, Бритни, Линдзи и компанија, и воопшто не и е гајле дека новиот имиџ на “лоша девојка” нема да ја однесе никаде. Нејзините постари колешки ја научија каде најдобро може да се забавува, ама и некои не толку популарни трикови: земање кокаин, возење во пијана состојба, несоодветно облекување, а како резултат на сето тоа Миша стана постојана мета на папараците. Во најновиот филм таа се појавува комплетно гола и изјавува: “Немам никаков проблем со голотијата, ако му верувам на режисерот и ако голотијата е во соодветен контекст, веднаш се соблекувам!” – рече низ предизвикувачка насмевка Миша. Оваа актерка за својот ангажман во три филма напоредно изјави: “Мојот живот навистина се промени. Премногу сум зафатена и максимално се концентрирав на моменталните проекти. Снимањето на последниот филм малку се одолжи, ама беше навистина интересно и сакам кога можам да се одморам од напорно снимање” Дека нема проблем со голотијата покажува и низата нејзини појавувања во јавноста, каде што воопшто не и е гајле како е облечена, или целосно е незаинтересирана за фоторепортерите кои од неодамна неуморно ја следат на секој нејзин настап
|