Најнови клипчиња

Online Chat

Логирај се

Реклами

Moto Struga
Igri
Slikicki

Гласајте за нас

Гласајте за Најди Време

Рандом галерија

Да се насмееме

Дошла плавуша во продавница за бела техника и вика:
- Би сакала да го купам оној телевизор?
- Жал ми е госпоѓице, ама не услужуваме плавуши!- и рекол продавачот.
Утредента плавушата ја офарбала косата црна и пак отишла во продавницата.
- Би сакала да го купам оној телевизор?
- Жал ми е госпоѓице, ама не услужуваме плавуши!- и рекол продавачот.
Доаѓа палвушата повторно утредента целосно маскирана во бринета (црна) и вика
- Би сакала да го купам оној телевизор?
- Жал ми е госпоѓице, ама не услужуваме плавуши!- и рекол продавачот.
- Е добро де, како ме препознавте дека сум плавуша!?
- Епа тоа не е телевизор, туку микробранова печка!
 
Зошто Кинг-Конг сака плавуши?

- Затоа што е мајмун!
 
Која е разликата меѓу паметна плавуша и Јети?
- Можеби некој ќе го најде Јети!
 
Што имаат заедничко плавуши и девици?
- Ништо
 
 Зошто е добро да имаш плавуша за совозач?

 - Можеш да паркираш на местото за инвалиди!
 

Да сме заедно

 
 

Поважни телефони

Поважни телефони:
Полиција : 192
Брза помош : 194
Пожарна : 193
АМСМ : 196
Автобуска Охрид : 260-339
Аеродром Охрид: 252-820
НУ Центар за култура : 261-063
ФТУ - Охрид : 262-147
Охридско лето : 261-304
Doktor Host
Дома arrow Вести arrow Македонија arrow 27 години од раѓањето на Тоше
27 години од раѓањето на Тоше Print
Image 27 години од раѓањето на Тоше, а свеќите не се роденденски. Македонија денеска со тага ќе го одбележи роденденот на својот славен жител - точно напладне во „Македониумот“, во организација на неговото семејство и матичната продукција „Аворд ентертејмент“.

Неговиот бенд инструментално ќе ги изведе најголемите хитови, ќе има кус документарец и фотографии од неговите патувања и настапи, а ќе биде промовирана и Фондацијата „Тодор Проески“.

Крушево, 25 јануари 1981. Се роди ангелот со славејски глас во семејството на Доминика и Никола. Веселото и скромно дете има обичен живот.

Учи во ОУ „Никола Карев“ во својот роден град. Како петтоодделенец првпат настапува јавно на „Златно славејче“ и на влашки јазик ја пее „Јас и дедо ми“.

Љубовта кон музиката го носи во клупите на средното музичко училиште во Битола, а подоцна на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Патот до славата почнува во Прилеп со победата на тинејџерскиот фестивал „Мелфест“ (1996) и со дебито на штипскиот „Макфест“ идната година со „Пушти ме“.

Првиот албум „Некаде во ноќта“ со Авалон-продукција се појавува во 1999 година, а првиот концерт го одржа истата година на скопското лизгалиште во јулска вечер на обилен дожд. Во 2000-та го објавува вториот албум со продукцијата „Авалон“ - „Синот Божји“.

Ѕвездата е родена. Македонската јавност го разбра тоа во 2001 година, кога Тоше ги урна рекордите, одржувајќи четири последователни концерти во Универзалната сала.

Наредната година неговата кариера ја презеде менаџерката Лилјана Петровиќ и го издаде третиот албум „Ако ме погледнеш во очи“.

Во 2004 година Тоше го објави четвртиот албум „Ден за нас“ заедно со композициите што ги испеа на домашниот избор на песна за Евровизија.

Меѓу нив и „Ангел си ти“ со која во мај во Истанбул настапи на Евросонг и освои 14 место. Со концертот на 29 јуни 2004 стана прв македонски изведувач кој го наполни Градскиот стадион во Скопје.

Со петтиот албум „По тебе“ од 2005 година, Тоше доби статус на балканска ѕвезда. Неговиот успех ги обедини обожавателите од Србија, Хрватска, Босна, Црна Гора.

Наредната, 2006 година го објави шестиот албум „Божилак“ со преработки на традиционални македонски песни и потпиша договор со англискиот менаџер Ричард Енглард и со композиторот и продуцент Енди Рајт. Тоа требаше да му ја отвори кариерата во Европа и патот до светските ѕвезди.

Кобната 2007-ма, кога Тоше одбележа една деценија на сцената, почна блескаво. Во февруари, на Денот на вљубените, настапи во преполната белградска Арена, најголемата сала на Балканот, во јуни освои Гран-при на хрватскиот Радиски фестивал на Хвар, а во септември го промовираше седмиот албум „Игри без граници“ кој, на македонски и на српски/хрватски јазик, за неколку дена беше продаден во десетици илјади примероци.

Последниот концерт Тоше го одржа дома. На 5 октомври пееше на Градскиот стадион пред околу 25.000 публика. Со него, амбасадорот на УНИЦЕФ ја потврда хуманоста - за обнова на училиштата во земјава три часа ги пееше своите хитови.

Со љубов за сите. Како и многупати дотогаш, кога донираше за болните и за напуштените деца. Му благодареше на Господ за радосните мигови, за концертите и публиката кои, како што рече, му го продолжуваат животот, верувајќи во подобар свет - „овој еден и единствен“.

Сето тоа збиено во еден кус живот. 16 октомври 2007, 6 часот и 25 минути, автопат, Нова Градишка, „Туарег“, шок и неверување, Македонија во болка, плач, погреб.

Луѓе од секаде го посетуваат гробот на Тоше кој во Крушево се врати засекогаш. За да кажат „светот минус тебе во него - малку е!“.

Коментари
Додади новоПребарај
Напиши коментар
Име:
Website:
Наслов:
UBB Код:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img] 
 
Security Image
Please input the anti-spam code that you can read in the image.
 
< Prev   Next >

Македонија

Црвена линија околу името?Црвена линија околу името?
„Мора да знаеме сите, и тоа го потенцираме, дека Македонија нема друга иднина освен целосн...
Повеќе ...
2009-та во Европа без визи2009-та во Европа без визи
Сите уверувања што Македонија ги добива од европската комисија се дека 2009 е годината кога за...
Повеќе ...
Ново вето за СкопјеНово вето за Скопје
„Медијаторот Метју Нимиц на претставниците на Грција и на Македонија утре и задутре во Њу...
Повеќе ...
Учество во Белене?Учество во Белене?
Македонија сериозно да размисли за учество во проектот Белене. Претседателот Црвенковски з...
Повеќе ...

Свет

Масакр во ФинскаМасакр во Финска
Во училиште во југозападна Финска убиени се девет лица, а најмалку двајца тешко се ранети, ја...
Повеќе ...
Мафијашка банка во БелгијаМафијашка банка во Белгија
Криминална организација која обезбедувала пари за мафиите од повеќе земји, беше откриена од ...
Повеќе ...
Монструм сече главиМонструм сече глави
Непознат машки глас, кој најверојатно бил на возраст од околу 40 години, во средата попладнето...
Повеќе ...
Русија го лаже светотРусија го лаже светот
Грузискиот претседател Михаил Саакашвили во интервју за „Франс 24“ ја обвини Русија де...
Повеќе ...
Forum

Живот - Здравје

Аналгетиците штитат од рак!Аналгетиците штитат од рак!
Редовната употреба на вообичаените аналгетици, како што се аспиринот и ибупрофенот го намал...
Повеќе ...
Симптомите на мозочен ударСимптомите на мозочен удар
Нешто се случува со Вас но неможете да сфатите дали е од замор или пак нешто друго е во прашањ...
Повеќе ...
ЕКГ маицаЕКГ маица
При многу срцеви заболувања пациентите мораат да се подложат на долгорочен ЕКГ преглед. Ист...
Повеќе ...
"Discomgoogolation"
Под стрес сте ако немате пристап на интернет? Тогаш можеби патите од пореметувањето кое псих...
Повеќе ...

Временска прогноза

Ohrid:
8°C
1025mb

10 km/h
Skopje:
8°C
1026mb

3 km/h
Bitola:
8°C
1025mb

10 km/h
Prilep:
8°C
1025mb

10 km/h
Stip:
8°C
1026mb

3 km/h
Gevgelia:
12°C
1025mb

10 km/h

Да не е досадно


 

Надворешни содржини

World News
Yahoo! News
Design by Najdi Vreme - Team
© 2008 Najdi Vreme