Престижната издавачка музичка куќа „Еми Класик“ го издададе четвртиот компакт диск на македонскиот пијанист Симон Трпчески со дела од Клод Дебиси.
Минатата есен, екипа на „Еми Класик“ предводена од Сузане Мек Брни и продуцентот Пол Бајтс, со техничка поддршка на Видеолаб, на повеќе атрактивни локации во Охрид и селото Збажди на планината Караорман, го сними електронскиот прес материјал за новиот албум на Трпчески, соопшти културното здружение „КултурОп“. Снимањето на видео материјалот го помогнаа и фестивалотот „Охридско лето“ и Управата за заштита на културното наследство. „Ентузијазмот со кој беше прифатена взаемната идеја за реализација на овој материјал во земјава, навистина пријатно ме изненади. Ова е одлична шанса за промоција на Охрид и Македонија, нашите природни убавини, историја и култура, кои всушност се неодолив дел од инспирацијата за моите изведби“, смета Трпчески. Македонската публика ќе има можност да слушне материјал од новиот компакт диск во рамки на вториот дел од проектот „Концертна турнеја на Симон Трчески“ низ Македонија. Првиот дел од турнејата опфати концерти во три града, кои што се одржаа кон крајот на минатата и почетокот од оваа година.
|