Стресот на работното место има директно биолошко влијание на телото и зголемува ризикот од срцевите болести, покажа најново истражување спроведено кај над 10 000 Британци.
Според студијата, се покажало дека лицата кои се помлади од 50 години, а работат на исклучително стресно работно место, имаат дури 70 насто поголема можност да развијат срцеви болести од лицата кои работат во помалку стресна околина. Испитаниците кај кои стресот доминира, имаат и многу помалку време да се занимаваат со спорт и правилно да се хранат, што директно се одразува на обликот на телото. Поради ова експертите препорачуваат редовни физички активности и здрава храна со што би се редуцирал ризикот од срцеви болести.
|