Австралискиот глумец Хит Леџер, познат по улогите во популарните филмови како “Легенда за витезот“ и “Планината Brokeback“ пронајден е мртов во својот стан во центарот на Менхетен, соопшти њујоршката полиција.
Неподвижното тело на 28 годишниот глумец доцна синоќа по европско време во пронашла чистачката, а полицијата според првичните информации смета дека не се работи за насилна смрт. Иако нема официјални податоци за причината за смртта медиумите шпекулираат дека Леџер најверојатни се предозирал, бидејќи крај неговото тело имало поголемо количество апчиња. Хит Леџер е роден на 4 април 1979 во едно од најугледните семејства во Перт (Западна Австралија). На 16 години го напуштил училиштето и заминал во Сиднеј каде започнал актерска кариера. Неговото холивудско деби е во 1999 година со улогата во филмот “10 работи поради кои те мразам“, а потоа со својот сонародник Мел Гибсон играше во историскиот спектакл “Патриот“. Од актерката Мишел Вилијамс, со која има ќерка се раздели минатата година. Леџер пред смртта се подготвуваше за снимање на филмот The Imaginarium of dr. Parnassus“, а неодамна го заврши снимањето на “Dark Knight“ вториот филм од новата серија за Бетмен, каде го играше Џокер.
|